ВИДЕО: Брутален руски напад на Киев, градот е во хаос и има десетици повредени

Од:

Руските сили извршија повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, таргетирајќи станбени области и цивилна инфраструктура. Нападите предизвикаа пожари во неколку делови од Киев, соопштија локалните власти.

Нападот се случува помалку од 12 часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Според градските власти, најмалку 13 локации низ главниот град биле погодени, при што најмалку 19 лица биле повредени, а 14 биле хоспитализирани.

Шефот на градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, рече дека пожари избувнале низ целиот град и ги предупреди жителите да ги затворат прозорците поради „опасни производи од согорување“ во воздухот. „Русија, терористичка држава, остави пустош по себе“, рече Ткаченко на Телеграм. „Русите не носат ништо друго освен терор и убиства. Тоа е факт.“

Новинарите на „Киев Индепендент“ објавија дека експлозиите во Киев почнале околу 22 часот по локално време, и траеја до раните утрински часови. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија испалила балистичка ракета кон Киев околу 00:30 часот, по што следеле уште неколку околу 02:30 часот.

Руски беспилотни летала го погодија и градот Полтава, каде што беа оштетени згради и едно возило, а две лица беа повредени, објави гувернерот Володимир Кохут.

Нападот се случува само неколку часа по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. За време на разговорот, Путин – според руската изјава – рече дека Русија „продолжува да ги следи своите цели во Украина“, и покрај повиците на Западот за прекин на огнот.

Во последните недели, Русија сè повеќе напаѓа украински градови, најчесто користејќи ирански беспилотни летала „Шахед“. Само на 17 јуни беше извршен еден од најголемите напади врз Киев од почетокот на тоталната инвазија, при што загинаа 28 лица, а 134 беа ранети. Уште еден напад следеше помалку од една недела подоцна.

Украинските власти предупредуваат дека честите напади се обид за исцрпување на воздушната одбрана и заплашување на цивилите. Сепак, Вашингтон одлучи да ја запре испораката на ракети „Патриот“ и друго оружје во Киев, тврдејќи дека САД треба да ги надополнат своите залихи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Договорена размена на заробеници, Украина инсистира на целосен прекин, Русија нуди привремен мир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украински авиони бегајќи од ракети, влегоа во воздушниот простор на НАТО

(ВИДЕО) Детали од Истанбул: Шефовите на руската и украинската делегација првпат разговараат без посредник

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинските преговарачи во Турција ќе инсистираат на потполно примирје

Катерина Ѓуровски

Кремљ порача да не се очекуваат чуда од преговрите со Украина