ВИДЕО: Бројот на жртвите во Дака нарасна на 190, повредени над 1.000 лица

Од:

Билансот на загинати во урнатата осумкатна зграда во главниот град на Бангладеш, Дака, достигна 190 лица и веројатно нивниот број и натаму ќе расте, бидејќи под урнатините има многузаробени, соопшти утринава полицијата, јави ДПА.

Во несреќата се повредени повеќе од илјада лица. Болниците во Савар и околината се преполни со пациенти со сериозни повреди на главата и градниот кош, некои без рака и нога, изјавија доктори од Итната помош на Универзитетската болница Енам, наведувајќи дека во болницата се згрижени повеќе од 1.000 лица.

Заменик командирот на полицијата во Дака, А.Б.М. Масуд Хосаин, изјави дека повеќето жртви на несреќата се жени кои работеле во погоните на петте текстилни фабрики и дека веројатно ќе ги има уште, бидејќи спасувачите ја продолжиле потрагата по преживени и во текот на ноќта и утрото и „колку и да биде потребно“.

Пожарникарите и војниците од под урнатините успеале да извлечат меѓу 1.500 и 2.000 лица, но се уште има многузаробени кои чекаат да бидат спасени.

Од осумкатницата во предградието Савар, на 30 километри од центарот на Дака, остана само приземјето.

-Целата зграда се урна како палачинка, во рок од неколкуминути. Повеќето работници немала можност да побегне. Се уште можеме да слушнеме слаби повици од некои заробени лица (под урнатините, рече директорот на националната пожарникарска служба Ахмед Али.

Преживените се жалеле дека во вторникот вечерта се појавиле пукнатини на зградата, што ја предизвикало нивната евакуација, а, против нивна волја, потоа им било наредено да се вратата на производните линии.

Здружените на производители и извозници на облека на Бангладеш соопшти дека во зградата имало пет фабрики во кои работеле вкупно околу 3.122 работници, претежно жени.

Локалните медиуми јавија дека сопственик на урнатат зграда бил локалниот шеф на младинскиот огранок на владеачката партија ви Багладеш кој е спасен од под урнатините.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници