ВИДЕО: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви

Од:

Двајца загинаа, аајмалку 19 лица се повредени, од кои тројца во тешка состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк.

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како високите јарболи на едриличарскиот брод Cuauhtémoc се фатени на мостот додека бродот минувал под познатата градба.

Делови од јарболот паднаа на палубата. Според властите, повредите настанале бидејќи некои членови на екипажот биле на јарболите во моментот на ударот.

На бродот имало повеќе од 200 луѓе, а пристигнал во Њујорк како дел од пријателска посета. Локалните медиуми јавуваат дека бродот наводно изгубил струја пред судирот.

На прес-конференција предводена од градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, властите известија дека никој не завршил во вода. Градоначалникот додаде дека Бруклинскиот мост не претрпел некоја поголема штета.

Американската крајбрежна стража соопшти дека бродот ги изгубил врвовите на два јарбола, но дека сите членови на екипажот се пронајдени. Повредените се пренесени во болница.

Мексиканската морнарица потврди дека бродот е оштетен и дека инцидентот се истражува.

Началникот за операции на њујоршката полиција изјави дека верува оти судирот со еден од столбовите бил предизвикан од „механички проблеми“ и прекин на струја.

Мексиканската морнарица соопшти дека 22 лица се повредени, од кои три потешко, додека градоначалникот на Њујорк изјави дека четири лица се тешко повредени.

Според податоците на мексиканската морнарица, бродот е долг 90,5 метри и широк 12 метри. Првпат пловел во 1982 година.

Испловува секоја година на крајот од часовите во поморското училиште како последен дел од обуката за кадети.

Годинава исплови од мексиканското пристаниште Акапулко на 6 април со 277 луѓе, објави морнарицата. Крајната дестинација требаше да биде Исланд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Десетици студенти уапсени на пропалестински протест во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Шајнбаум: Го одбив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико

Протести и контрапротести во Њујорк

ВИДЕО: Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски