Премиерот Борис Џонсон и се обрати на британската јавност и ја разреши дилемата дали поднесува оставка или не. Пред Даунинг стрит 10 има бројни медиумски тимови, а речиси сите светски медиуми го пренесуваат неговото кратко обраќање.
На почетокот на своето обраќање Џонсон им се заблагодари на сите што го поддржаа, велејќи дека негова должност е лично да му го предаде мандатот на новиот премиер, но дури откако ќе биде избран нов лидер на конзервативците.
Тој исто така рече дека е горд на сите тешки проблеми со кои се соочила неговата влада и дека признал дека имало многу грешки.
„ Ја напуштам функцијата лидер на конзервативците и премиерската функција“, рече тој и додаде дека новиот премиер ќе мора да почека до изборот на новиот лидер на Конзервативната партија, кој е назначен за премиер според британските правила.