ВИДЕО. Боинг се заби во Ербас на писта во Ханој

Од:

Виетнам ерлајнс суспендираше четири пилоти откако Боинг удрил во паркиран Ербас на пистата, откинувајќи го неговиот стабилизатор. Авион на „Виетнам ерлајнс“ се судрил со друг авион на истата компанија на аеродромот Нои Баи во Ханој. Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога крилото го удира вертикалниот стабилизатор на Ербасот при судирот на пистата.

Судирот се случил околу 14 часот во петокот, кога Боинг 787 кој требало да полета за Хо Ши Мин се движел кон пистата и удрил во Ербас А321 паркиран на платформата, чекајќи да полета за Диен Биен, објави „ВНЕкспрес“. Снимките покажуваат како десното крило на Боингот го удира стабилизаторот на Ербасот и минува низ него.

Виетнам ерлајнс суспендираше четири пилоти, по двајца од секој авион, по несреќата, чија причина сè уште не е утврдена. Прелиминарните наоди покажуваат дека Ербасот не бил правилно паркиран.

Боингот претрпел оштетување на врвот на крилото во инцидентот. Резервниот авион на крајот ги превезе сите 386 патници од двата оштетени авиони до нивните дестинации. Независен тим ангажиран од авиокомпанијата ќе спроведе истрага за несреќата заедно со Управата за цивилно воздухопловство на Виетнам.

Би можело да ве интересира

Виетнам има нов претседател

Ана Ололовска

Средба на Заев со заменик премиерот на Виетнам Фан Бин Мин: Создадени можности за продлабочување на економската соработка

Наум Локоски