ВИДЕО: Беше непријатно да се гледа кавгата меѓу Зеленски и Трамп

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер потврди дека по разговорите со Володимир Зеленски, Доналд Трамп и Емануел Макрон, постигнат е договор според кој Велика Британија, Франција и „веројатно една или две други земји“ ќе работат заедно со Украина на план за запирање на војната.

Овој план, најави Стармер, наскоро ќе им биде претставен на САД.

Стармер рече дека неговата цел е да ги смири тензиите и да најде начин како сите да соработуваат. „Конечно, три години крвава војна се зад нас. Сега мораме да постигнеме траен мир“, рече тој.

Тој се осврна и на конфликтот меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба, што предизвика бурни реакции. „Да, ми беше непријатно. Никој не сака да го гледа тоа“, изјави Стармер за Би-Би-Си, додавајќи дека во таа ситуација решил да преземе конкретни чекори наместо да ја интензивира реториката.

„Ги засукав ракавите, разговарав со претседателот Трамп, разговарав со претседателот Зеленски, потоа му бев домаќин на Зеленски на сеопфатен состанок, а потоа повторно разговарав со претседателот Макрон и претседателот Трамп“, рече тој.

Премиерот истакна дека им верува и на Зеленски и на Трамп, а нема доверба во рускиот претседател Владимир Путин. „Не му верувам на Путин, убеден сум дека тој повторно би нападнал доколку му се укаже шанса“, рече Стармер, нагласувајќи дека затоа е клучно да се обезбедат безбедносни гаранции за Украина.

Запрашан дали Зеленски „направил нешто лошо“, Стармер рече дека не направил и го пофали за неговото храбро раководење со земјата во воени услови.

Иако Трамп често испраќа остри пораки и покажува дистанца кон Зеленски, Стармер верува дека Трамп сепак сака траен мир во Украина. „Сите се согласуваат за тоа, освен Путин“, рече тој. Според Стармер, трајниот мир вклучува американска поддршка за Украина, безбедносни гаранции од европските држави и силна Украина која ќе биде доволно опремена да се брани од новата руска агресија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер

(ВИДЕО) Во тек е клучниот состанок во Лондон: Ова е момент кој се случува еднаш во генерација

Катерина Ѓуровски

„Зеленски би трчал гол низ Њујорк, за да добие безбедносни гаранции, Американците се во заблуда“

Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа

Москва е среќна со новите политики на САД, Лавров го фали Трамп

ВИДЕО: На Зеленски му рекле да го пофали Трамп и да не зборува за гаранции, не послуша

Катерина Ѓуровски