Во стилот на една од најпознатите епизоди на легендарната серија „Монти Пајтон“, стражар пред Бакингамската палата е снимен како смешно оди. Војникот е под истрага поради непрописното однесување, пишува Би-Би-Си.
Нема сомнение дека војникот само сакал да ги забавува туристите, но тоа очигледно не успеало да ги насмее и неговите претпоставени. На снимката може да се види стражарот во церемонијална црвена униформа како изведува пируети.
Воениот потпарол рече дека ниеден војник не смее да ги занемари високите стандари кои војската ги бара и дека стражарот на снимката сигурно ќе биде казнет.