ВИДЕО: Бајден заспа на Самитот во Глазгов

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден заспа за време на воведната сесија на самитот во Глазгов. Светските медиуми ја пренесуваат снимката на која се гледа дека Бајден дреме.

Бајден е снимен како седи со скрстени раце и заспива додека истовремено се бори да ги држи очите отворени.

На видеото што го сподели новинарот на „Вашингтон пост“ се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник кој го буди.

Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете и му аплаудираше на говорникот кој ја заврши својата презентација.

Би можело да ве интересира

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски