ВИДЕО: Бајден уверен во победа откако го „сврте“ Мичиген

Од:

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, во својот прв јавен настап по вчерашните избори вечерва изрази уверување дека откако ќе се избројат сите гласови, тој ќе биде прогласен за победник во трката за влез во Белата куќа.

-Јасно е дека освојуваме доволно држави за да стигнеме до 270 електорски гласови потребни за да ја добиеме претседателската функција, рече Бајден од родната држава Делавер, истовремено истакнувајќи дека тој не тврди оти веќе ја има победата.

Бајден во својот настап инсистираше на тоа дека „мора да се смета на секој глас“ и се пожали дека победник не се станува со давање изјави, како што се обидува да прави неговиот опонент Трамп.

„Уверен сум дека ќе излеземе како победници“, додаде тој.

Бајден вети, доколку победи, дека повторно ќе ја обедини нацијата, дека веќе нема да има црвени и сини држави, и кажа дека земјата мора да престане да се однесува кон политичките противници како кон „непријатели“, пренесе ДПА.

Со неочекуван пресврт во последните неколку часа од пребројувањето на гласовите, Бајден извојува победа и во сојузната држава Мичиген, што е втор триумф во една од ткн. „колебливи“ држави кои ќе ги одлучат овие избори, по Висконсин. Бајден со Мичиген освои уште 16 електорски гласови со што дојде до бројката од вкупно 253, а од потребните 270 електорски гласови го делат уште 17 гласа.

Аналитичарите предвидуваат дека со очекуваните победи во Невада (шест електорски гласа) и во Аризона (11 електорски гласа) Бајден ќе стигне до магичната бројка потребна за влез во Белата куќа.

Во меѓувреме, актуелниот претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп, вечерва соопшти дека побарал судот да наложи запирање на пребројувањето на гласовите во сојузните држави Мичиген и Пенсилванија.

„Кога ќе се заврши пребројувањето, верувам дека ќе бидеме победници“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Демократите бесни: Џо Бајден е виновен за катастрофалниот пораз

Предраг Петровиќ

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална