ВИДЕО: Автомобил се заби во резиденцијата на британскиот премиер

Од:

Автомобил удри во ограда на Даунинг стрит, каде се наоѓа канцеларијата и резиденцијата на премиерот Риши Сунак, соопшти денеска лондонската полиција, додавајќи дека еден маж е уапсен поради опасно возење.

„Околу 16:20 часот автомобил удри во оградата на Даунинг стрит во улицата „Вајтхол“. Вооружени полицајци уапсија маж на местото на настанот поради сомнение за направена штета и опасно возење“, информираше полицијата.

Според информациите, автомобил „киа“ возејќи со мала брзина низ „Вајтхол“, главната сообраќајница што минува покрај Даунинг стрит, удрил директно во портите од ковано железо што го спречуваат јавниот пристап до срцето на владата на Обединетото Кралство.

Премиерот Риши Сунак бил во резиденцијата во моментот на инцидентот. Конвој автомобили набрзо потоа го напушти објектот од задната стрна.

Во инцидентот нема повредени.

Би можело да ве интересира

Лондон: Полицијата уапси 52 лица за време на крунисувањето на кралот Чарлс

(ВИДЕО) Шестмина уапсени на протест против англиската монархија

Поддржувачите на републиката се собраа на протест на лондонскиот плоштад Трафалгар, барајќи укинување на монархијата

Лондон е подготвен за спектакл каков што не е виден во последните 70 години

Горан Наумовски

Извештај: Лондонската полиција е расистичка, сексистичка и хомофобична

Горан Наумовски

Хорор во Лондон: Маж остави фетус во кутија пред болница

Горан Наумовски