(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Од:

Маж од западна Австралија е обвинет за тежок напад откако ги врзал со платични врвки децата што ги затекнал како пливаат во базен на имот на кој немало никого. Како што јави Би-Би-Си, полицијата соопшти дека маж врзал шестгодишно девојче и две момчиња на возраст од седум и осум години, откако ги видел како пливаат во базенот.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат две расплакани и врзани деца. Официјалните лица велат дека се „згрозени“ од видеото, а полицијата повика заедницата на смиреност.

Содржината е вознемирувачка:

Властите соопштија дека 45-годишен маж им се јавил во понеделникот за да го пријави инцидентот во Брум, околу 2.000 километри северно од Перт, велејќи дека ги нашол децата во базенот. Полицајците кои излегле на имотот виделе две деца врзани со пластични врвки и подоцна го пронашле најстарото момче кое побегнало од местото на настанот, соопшти западна австралиската полиција.

Болничарите ги прегледале двете деца на местото на несреќата и набрзо ги вратиле кај нивните семејства, соопштија властите. Полицијата соопшти дека мажот „употребил непропорционална сила“ врз децата со оглед на нивната возраст и ранливост.

Државниот комесар за деца, Жаклин Мекгован-Џонс, рече дека е вознемирена од снимката.

„Изгледа дека се многу мали деца. Изгледа дека биле доста исплашени во околностите. Човекот што ги врзал е крупен. Децата изгледаат многу вознемирено“, изјави Жаклин Мекгован-Џонс за ABC.

„Децата на таа возраст не можат да ја разберат причината и последицата, тоа се знае“, додаде таа. Човекот доби кауција и треба да се појави во Судот на Брум на 25 март.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа