(ВИДЕО) Авионска несреќа во Јужна Кореја: Загинаа над 175 лица

Од:

Авион со 175 патници и шест членови на кабинскиот екипаж се лизна од пистата и удри во ограда на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, објави новинската агенција Јонхап. Пожарникарите соопштија дека се претпоставува дека загинале 179 лица. Станува збор за летот 2216 на Jeju Air од Бангкок. Авионот е Боинг 737. Авионската несреќа се случи во неделата во 8.59 часот по јужнокорејско време.


Само две лица се спасени. Речиси сите патници се од Јужна Кореја, а има и двајца тајландски државјани.


На мрежата Икс беше објавено грозоморно видео од несреќата. Авионот се лизнува по пистата, со полна брзина удира во оградата, се скрши на два дела и се запалува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски