(ВИДЕО) Авион удри во фабрика во Калифорнија и експлодира, загинаа две лица

Од:

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени откако мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Sky News. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на едната страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира.

Авионот потоа се урнал низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ.

Портпаролот на полицијата изјави дека се уште не се знае дали двајцата загинати се во авионот или работници од фабриката. На осум повредени лица на лице место им била укажана прва помош, а десет од нив морале да одат во болница.

Потврдено е дека авионот е модел RV-10, со четири седишта. Ова е втор ваков модел на авион кој доживеал несреќа по полетувањето од истиот аеродром во рок од два месеци.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Три лица загинаа при пад на мал авион во река во Небраска

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии