ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Од:

Астронаутот на НАСА Метју Доминик го сними ураганот Берил на Карибите од Меѓународната вселенска станица и објави на социјалната мрежа X.

Ураганот, тогаш категорија 4, имаше налети на ветер од околу 215 km/h.

Берил, во меѓувреме, достигна рекордна јачина од 5, објави Националниот центар за урагани, бидејќи ги погоди Карибите. Најмалку шест лица загинаа на островите во Карипското Море.

Премиерот на Гренада, рече дека ова најверојатно не е конечниот биланс на загинати. Ветерот достигна брзина од 265 km/h.

„За половина час Кариаку беше срамнет со земја“, рече Мичел.

Ураганот, минувајќи над Гренада, уништи бројни згради, ги пресече електричните и телефонските жици на речиси сите жители на островот.

Слична судбина доживеа и соседната островска држава Сент Винсент и Гренадини, каде најмалку едно лице загина, а делови од островот се без струја и вода, вклучително и болницата.

Иако се предвидуваше дека ќе почне да губи сила, интензитетот на Берил не се намалува додека не го помине брегот на Јамајка во среда, како и Кајманските Острови и Мексиканскиот полуостров Јукатан во четврток.

На граѓаните од овој крај им се препорачува за време на невремето да се засолнат во своите куќи и подруми и да се подготват за евентуална евакуација.

„Апелирам до сите Јамајканци да го сфатат ураганот како сериозна закана“, рече премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен