ВИДЕО: Асанж го критикуваше Обама

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж му се потсмеваше на американскиот претседател Барак Обама на седницата на Генералното собрание на ОН, а тоа се случуваше пред 150 луѓе. Асанж го критикуваше Обама кој од една страна се залага за слобода на говорот на Блискиот исток, додека од друга страна го гони Викиликс поради објавените тајни депеши на амероканската дипломатија.

„Мора да е големо изненадувањето за египетските тинејџери, кои ги оплакнаа очите од американскиот солзавец да слушнат дека САД ги поддржуваат промените на Блискиот исток“, рече Асанж кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор.

Тој тврди дека случајот со Шведска која го бара за сексуалална злоставување на неговата соработничка е завера за да му се суди во САД поради неговата работа на Викиликс кој објави многу тајни документи на американската дипломатија.

„Време е претседателот Обама да го одржи својот збор и САД да престане да го прогонува Викиликс и нашите извори на информации“, рече Асанж во видео пораката во ОН, која ја организираше Еквадор.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска