ВИДЕО: Апокалиптична снимка од жестоки битки кај Бахмут

Од:

На социјалните мрежи е објавено ново видео од жестоки битки кај Бахмут.

Во објавеното видео може да се видат борците на Третата јуришна украинска дивизија, која веќе се смета за прославена по победата на Шестата и Осмата чета на 72-та моторизирана бригада на Руската Федерација.

На видеото се гледаат украински борци во жестока размена на рафали од пушки и рачни бомби, додека околу нив, покрај шрапнели, летаат и остатоци од земја и дрвја.

Во еден момент се слуша звукот карактеристичен за беспилотните летала што ги користат двете страни за извидување и коригирање на огнот, а украински војник се обидува да го собори пукајќи со автоматска пушка.

Украинските војници не изгледаат премногу вознемирени додека руските гранати паѓаат недалеку од нив, што на целото видео му дава уште пострашен „тон“ и нè приближува до целиот ужас на војната што се случува на фронтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија