ВИДЕО: Анџелина Џоли мораше да се евакуира, во Лавов се огласија сирените за воздушен напад

Од:

Актерката Анџелина Џоли мораше да биде евакуирана откако во Лавов каде што престојуваше денеска се огласија сирените за воздушен напад. На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа Џоли која се повлекува во засолниште. Додека се движи ја прашуваат дали се плаши, таа одговара дека не е и страв и дека е добро.

Претходно во текот на денот, Џоли ги посети повредените деца евакуирани од Донецката област и сирачињата. Таа се сретна и со волонтери кои обезбедуваат медицинска и психолошка помош на Украинците кои се евакуирани од загрозените градови.

Актерката е специјална амбасадорка на Високиот комесарјат за бегалци, но во Украина престојува независно од организацијата. Портпаролот на УНХЦР изјави дека ОН не биле вклучени во нејзината посета на Украина и дека таа отишла таму сама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ