Демонстранти синоќа ограбија продавница за оружје во центарот на Марсеј и извадија ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата на вториот по големина француски град.
Како што изјавија, едно лице е уапсено со пушка, која најверојатно била одземена од продавница за оружје, пренесува Ројтерс.
Во моментов полицијата ја обезбедува продавницата во Марсеј. Низ Франција, вклучително и во Париз, Марсеј, Лион, Стразбур и Лил, протестите продолжија синоќа, кои прераснаа во немири, откако полицаец застрела тинејџер затоа што, наводно, не го запрел автомобилот.
c'est vrmt la pire ville de france https://t.co/x5n539Nh9g
— ًً (@unvahaza) June 30, 2023
Францускиот министер за внатрешни работи Жерлалд Дарманен изјави за телевизијата ТФ1 дека синоќа низ целата земја биле распоредени 45.000 полицајци и жандарми.
Безбедносните сили приведоа повеќе од 600 прекршители. Францускиот претседател Емануел Макрон свика меѓуресорска кризна група.
Тој го нарече инцидентот „необјаснив и непростлив“, додавајќи дека „ништо не ја оправдува смртта на еден млад човек“.
Францускиот министер за градови и домување Оливие Клајн изјави дека не е исклучено воведување вонредна состојба. Владиниот портпарол Оливие Веран изрази сочувство до семејството на починатиот, истакнувајќи дека цела Франција го споделува шокот од она што се случи.
Седницата на Националното собрание на Франција започна со едноминутно молчење.