ВИДЕО: Американскиот Среден запад во поларен вртлог

Од:

Американскиот Среден запад го зафати студен бран, познат како поларен вртлог, поради што животот во повеќе градови е парализиран.

Поради арктичкото време, досега починале најмалку осум луѓе во неколку сојузни држави.

Исклучително ниските температури ќе загрозат околу 250 милиони Американци, а 90 милиони од нив се соочени со температури од минус 17 степени Целзиусови или пониски.

Снег паѓал во текот на целиот вчерашен ден, и тоа од регионот на Големите езера до Нова Англија, додека 60 сантиметри снежна покривка е забележана во сојузната држава Висконсин, а 90 во Илиноис.

Вонредна состојба е прогласена во државите од Средниот запад – Висконсин, Мичиген и Илиноис, па дури и во вообичаено потоплите држави Алабама и Мисисипи.

– Овој студен бран веројатно ќе има историски размери, изјави Рики Кастро, метеоролог во Националниот метеоролошки завода (НВС) во сојузната држава Илиноис.

Се очекува горните делови на Средниот запад да ги зафатат опасни студени ветрови, со обилни снежни врнежи во регионот на Големите езера, јави НВС.

За време на викендот во планинските региони во западниот дел на земјата се очекува уште пообилен снег, додаде Заводот.

НВС ги предузпреди граѓаните дека ќе бидат соочени со замрзнатици доколку бидат надвор само 10 минути на толку екстремни температури.

Студениот ветар во регионот Гранд Форкс во Северна Дакота вчера донел температури од минус 54 степени Целзиусови.

Се очекува 20 милиони луѓе во континенталниот дел на САД до крајот на неделава да се соочат со температури од минус 28 степени или пониски.

Стотици училишта, колеџи и универзитети се затворени во регионите погодени од студениот бран.

Претставници на метеоролошката служба во Ајова ги предупредија луѓето, доколку се најдат на отворено, да „избегнуваат длабоко вдишување и зборувањето да го сведат на минимум“.

Жителите на Чикаго, третиот по големина град во Америка, се навикнати на исклучителни студови, но предупредени се да очекуваат невообичаено опасен студен бран.

На двата најголеми градски аеродроми откажани се повеќе од 1.500 летови, а железничката компанија Амтрак го прекина железичкиот сообраќај од и кон Чикаго.

Екстремно студениот ветар од езерото Мичиген ја спушти температурата во „ветровитиот град“ на минус 45 степени Целзиусови.

Градоначалникот на Чикаго Рам Емануел побара од граѓаните да не излегуваат од дома, освен ако е неопходно.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел