ВИДЕО: Американската амбасада во Багдад во пламен, се слушаат истрели и експлозии

Од:

Десетици лути ирачки приврзаници на шиитите упаднаа во амбасадата на САД во Багдад кршејќи ја вратата. Според сведоци, употребен е солзавец и се слушнале истрели од огнено оружје.

Според најновите информации, припадниците на обезбедувањето во американската амбасада во Багдад употребиле шок-бомби врз демонстрантите пред влезот во зградата на амбасадата.

Агенцијата АП известува дека има пожар во амбасадата, како и дека најмалку тројца американски војници се на покривот на зградата.

Според Ројтерс, се слушнале четири гласни експлозии.

Засега не се познати причините за пожарот, но се наведува дека маж кој стои пред зградата кој со помош на мегафон извикува да не се влегува во зградата и дека е испратена „порака“.

Двајца полицајци се повредени откако беа фрлени бомби, очигледно од амбасадата, за да ги присилат демонстрантите да се разидат, изјави сведок за Ројтерс.

Крв можеше да се види на лицето на еден полицаец и на стомакот на другиот додека колегите ги носеа од местото на настанот, рече сведокот.

Претходно, неколку илјади луѓе се собраа пред амбасадата за да го искажат своето незадоволство над американските воздушни напади во кои загинаа 25 шиитски војници.

Толпата вика „Долу САД“ и „Смрт за САД“ и фрлаат пластични шишиња и камења врз амбасадата.

„Затворено во име на отпорот“, напишано е со спреј на ѕидот на зградата.

Некои учесници носат воени униформи и поставуваат шатори пред амбасадата на САД.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД