ВИДЕО: Американка му донирала бубрег на момчето, а тој ја изневерил по седум месеци

Од:

Американката Колин Ли на социјалната мрежа ТикТок преку видеа раскажува како била изиграна од нејзиното момче кое ја изневерило, само седум месеци откако таа му го донирала својот бубрег.

@colleeeniie Reply to @jenn.eunice I’m so sorry this took a long time! Let me know if you’re interested in part 2! #storytime #fyp #foryoupage #kidneydonor ♬ I am at ur moms house – Elizabeth Chetwynd

Таа раскажува како на нејзиното момче му била неопходна трансплантација на бубрег, бидејќи се борел со хронична бубрежна болест поради која морал да оди на дијализа од негови 17 години. Таа своеволно донирала свој бубрег откако испитувањата покажале дека тие се компатибилни. Момчето само седум месеци по успешната трансплантација на бубрег, ја изневерило и и раскинало.

Тој само и напишал „Ако сме еден за друг, Бог повторно ќе не спои“, по што веднаш ја блокирал на социјалните мрежи.

Девојката која сега е ѕвезда на ТикТок има повеќе од 2 милиони лајкови на своите видеа во кои раскажува за тоа што и се случило.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена

Трамп е против забараната на TikTok во САД

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата

TikTok на чекор да биде забранет во САД

А1он