ВИДЕО. Американците погодија уште еден брод во Пацификот, четворица убиени

Од:

Американската војска соопшти дека извршила смртоносен напад врз брод во источниот Пацифик, објави Ројтерс. Американската војска, исто така, потврди дека убила четворица мажи.

„Разузнавањето потврди дека бродот се движел по позната рута за трговија со дрога во источниот Пацифик и бил вклучен во операции за шверц“, соопшти Јужната команда на САД во објава на X.

Нападот е дел од кампањата што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп за да се спречи дрогата да стигне до Соединетите Држави.

Претходно оваа недела, американската војска изврши три напади на слични дестинации, при што загинаа осум лица. Досега, речиси 100 осомничени трговци со дрога се убиени во овие напади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Двајца убиени во нов американски напад на Пацификот

Катерина Ѓуровски

„Волстрит журнал“: САД преместија голем контингент воени авиони и транспортни авиони во Карибите

ВИДЕО: Америка нападна брод во источниот Пацифик, еден убиен

ВИДЕО: Ќе ги најдеме шверцерите и ќе ги потопиме, не нè интересира „woke“ морализирањето, вели Хегсет

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов американски напад на Кариби, тројца мртви

ВИДЕО: Британците не разменуваат разузнавачки информации со САД поради нападите врз бродови во Карибите

Катерина Ѓуровски