ВИДЕО: Американци вежбале пукање на слики од Афроамериканци

Од:

Американски полицајци од Јужна Флорида вежбале пукање од огнено оружје, додека мета им биле фотографии од заробени Афроамериканци, пренесуваат медиумите.

Случајот е откриен откако една жена пронашла фотографија на која меѓу осудените е и нејзиниот брат, кој бил уапсен во 2000 година, кога имал 18 години, а кој во меѓувреме излегол од затвор.

Фотографијата на која се наоѓа нејзиниот брат со уште пет црнци, била изрешетана од куршуми од огнено оружје.

Овој скандал предизвика остра полемика во јавноста, а надлежните од полицијата од Јужна Флорида, соопштија дека во иднина нема да им дозволат на своите луѓе да користат фотографии од затвореници, наместо мети.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак