ВИДЕО: Британски активисти предупредија: убивањето животни го зголемува ризикот од нова пандемија

Од:

Две лица беа уапсени во Лондон, откако ги обоија водите на градските фонтани на плоштадот Трафалгар, за да ја повикаат британската Влада да ги спречи идните пандемии со прекинување на фабричкото земјоделство.

Групата „Бунтовници за животни“ соопшти дека го организирала протестот во центарот на Лондон за да го привлече вниманието на она за што смета дека е вистинската причина за настанување на кризата со „Ковид-19“ – експлоатација на животните.

Групата за заштита на правата на животните соопшти дека акцијата е координирана со протести во 20 градови, вклучувајќи ги Бристол, Брајтон и Њујорк. Демонстрантите сметаат дека треба да се заштити животот на секое животно бидејќи, во спротивно, ризикот од појава на идни пандемии ќе стане поголем.

Би можело да ве интересира

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори