ВИДЕО: Актер обвинет за силување и злоставување на деца

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Еден од најпознатите британски телевизиски актери, ѕвездата од серијата „Coronation Street“, Мајкл Ле Вел (48) е обвинет за силување и злоставување на деца.

Актерот кој веќе 30 години игра во популарната серија, тврди дека е невин по сите точки во обвинението.

-Сосема е јасно дека сум невин, енергично ќе се борам против сите обвиненија – изјави тој.

Ле Вел татко на две деца, прв пат беше притворен во 2011 година, кога една тинејџерка пријави дека ја злоставувал на нејзините 6 години. Но, актерот три месеци подоцна беше ослободен поради недостаток на докази.

Случајот повторно е вратен и Ле Вел е обвинет за 19 сексуални престапи, вклучувајќи и силување на дете.

Актерот е исфрлен од серијата, а директорот изјави дека нема да се појави во ниту една епизода, додека не заврши судскиот процес.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот