ВИДЕО: Абу Сајаф ги ослободи двајцата германски заложници на Филипинитe

Од:

Двајцата киднапирани германски туристи, заробени во април годинава од страна на радикалната муслиманска група Абу Сајаф, која дејствува на југот на филипинскиот архипелаг, се ослободени откако за нив бил платен откуп од речиси шест милиони долари.

Откупот на киднаперите им е платен вчера, на последниот ден на ултиматумот, според кој на заложниците им се закануваше грозоморниот чин на отсекување на главите.

Радикалната група Абу Сајаф, која според филипинската армија има околу 400 припадници под оружје, е огранок на Ал Каеда со бази на Филипините, а главна дејност им е организирање на учество на радикални муслимани во борбите во Ирак и Сирија.

Во последниве две недели Абу Сајаф најавува формирање на исламски калифат во регионот на југоисточна Азија. Дека се работи за сериозна закана говори и завчерашното предупредување на малезискиот министер за одбрана, кој за откривање и апсење на исламските радикали побара соработка од Брунеи и Индонезија, соседни држави претежно населени со муслимани и од Филипините на чиј муслимански југ се сместени базите на Абу Сајаф.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони