ВИДЕО: 70 милиони луѓе погодени од големата снежна бура на Истокот на САД, откажани летови, блокиран сообраќај

Од:

Околу 70 милиони Американци беа погодени од „историска“ снежна бура во североисточниот дел на САД денеска каде силниот ветер го запре сообраќајот и уби возач на автомобил во северниот дел на Њујорк.

Во Њујорк има дваесетина сантиметри снег, а низ улиците дува невообичаено силен ветер.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, ги повика сограѓаните да останат дома.

Во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси е прогласена вонредна состојба, а гувернерката на Њујорк Кети Хочул ги повика жителите да не излегуваат без потребанепотребно и да ги полнат резервоарите на автомобилите со гориво и да обезбедат залихи со вода и ќебиња.

На северот на метрополата Њујорк, на Лонг Ајленд, веќе има 25 сантиметри снег. Регионалните железнички линии беа делумно отсечени, а една жена беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил, објавија локалните медиуми.

Националната метеоролошка служба најави удари на ветер од 80 до 120 км/ч и предупреди на „речиси невозможни сообраќајни услови“ во североисточниот дел на САД.

Тие исто така, предвидуваат поларни температури од денеска навечер до недела.

Околу 3.500 летови за пристигнување и полетување беа откажани денеска и 700 за недела.

Тоа е втора снежна бура годинава на североисточниот дел на САД, по онаа на почетокот на јануари кога беше зафатена областа од Џорџија па се до Квебек.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД