ВИДЕО: 400 шумски пожари беснеат во Канада, наредена евакуација на 30.000 семејства

Од:

Властите во канадската провинција Британска Колумбија наредија евакуација на 30.000 домаќинства додека беснеат околу 400 шумски пожари, јавува Би-Би-Си.

Официјалните лица го ограничија патувањето до градот Келовна со 132.000 луѓе, каде што чадот од блиските пожари се надви над езерото Оканаган.

Со наредбата тие сакаат да обезбедат доволно сместување за евакуираните и работниците за итни случаи.


Пожарите уништија домови во блискиот град Западна Келоун, кој има околу 36.000 жители.

Ограничувањата за патување важат и за градовите Камлупс, Оливер, Пентиктон и Вернон и Осојос.

Стотици километри на север, огромен пожар продолжува да се шири кон градот Јелоунајф.

Официјалниот рок за евакуација на овој град, главниот град на северозападните територии на Канада, истече во петокот, на 18 август. Локален функционер подоцна истиот ден изјави дека речиси сите жители заминале, било со автомобил или со авион.

Околу 19.000 од 20.000 жители на градот биле евакуирани. Властите соопштија дека 39 пациенти биле префрлени од болницата во алтернативни установи во петокот навечер, што ги прави последните луѓе кои биле евакуирани од градот.

Би можело да ве интересира

Канада возврати на царините на Трамп

Тревога во Отава: „Заклучете ги сите врати”, бројни полициски сила се на терен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани

Катерина Ѓуровски

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните