ВИДЕО: 400 повредени од метеорскиот дожд над Урал

Од:

 Над 400 лица се повредени при дождот од метеорски остатоци што денеска паднаа над руската Челјабинска област во реонот на Урал, соопшти локаланата управа на Министерство за внатрешни работи на Русија.

Досега помош побараа повеќе од 400 луѓе, од кои тројца се здобиле со потешки повреди. Податоците за бројот на повредените постојано се менуваат, бидејќи континуирабно регистриаме нови случаи, се наведува во соопштението на Министерството.

Случаи на повредени лица од метеорскиот дожд се регистрирани во шест град во Челјабинска област.

Засилени полициски патроли се грижат за редот во регионот, а се преземаат мерки да не се оштети имотот во зградите каде има искршени прозорски стакла.

Руските безбедносни сили трагаат по местото на кое паднало поголемо парче од небеското тело. Се претпоставува дека телото паднало на околу 50 милометри од градот Копејск.

Некои руски медиуми јавија дека полицијата пронашла кратер на 80 километри од местото Сатка, но оваа информација потоа беше демантирана.

Првично беше соопштено дека над Урал се распрснал метеорит, што делумно изгорел во пониските атмосферски слоеви, а мали делчиња од него стигнале до површината на Земјата и паднале во слабо населени реони крај градот Сатка.

Подоцна, раководителот на локалната управа на руското Министерство за вонредни состојби во Челјабинската област, Јуриј Буренко изјави дека метеорскиот дожд е предизвикан од парчиња од астероид што утрпвп минал крај Земјата.

Научниците претпоставуваат дека е можно земјината гравитација да откинала одделни парчиња од астероидот. Според Буренко, над Челјабинск, каде објектот прелетал со голема бризина, одекнале три татнежи.

Ударниот бран на метеорскиот дожд искршил стакла на прозорците во многу згради во Челјабинск и блиските градови.

Според податоци на НАСА, во моментов се познати над 1.300 „потенцијално опасни астероиди“, чии орбити минуваат недалеку од Земјата. Штом се доближат до планетата, тие ја менуваат својата траекторија, привлечени од гравитацијата.

– Врз нив влијаат и други фактори, нивната температура примарно се зголемува или намалува според растојанието до Сонцето, изјави Едуард Бешер, астрофизичар од универзитетот во Аризона.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он