ВИДЕО: 230 загинати во налетот на тајфунот Бофа

Од:

Билансот на загинатите во налетот на тајфунот Бофа, кој ги погоди Филипините достига повеќе од 230 лица, повеќе лица се водат како исчезнати, а најзагрозени се подрачјата во јужниот дел на земјата, изјави денеска портпаролот на филипинската Влада Фе Маестре.

Тој потврди дека најмалку 151 лице загина во најтешко погодената покраина Компостела Вали и уште 66 жители и војници настрадале во поплавите и лизгањето на земјиштето во јужниот дел на Филипините.

Портпаролот на Владата истакна дека не го знае точниот број на лицата кои се водат како исчезнати во градот Њу Батан.

Филипинскиот секретар за социјална заштита Коразон Солиман ја опиша сцената на целосно опустошување на јужните области, каде во повеќе градови и села куќите и други објекти се разурнати.

– Малку објекти останаа недопрени во градот Катил. Мораме да побрзаме во тие области со вреќи за спиење, лекови, сува облека и најважното шаторите, бидејќи преживеаните живеат на отворено, со оглед на тоа дека тајфунот ги однесе нивните куќи и кровови, истакна таа.

Ситуацијата е еднакво лоша и во градот Њу Батан, каде најмалку 44 лица загинале во поплавите и лизгањето на земјиштето.

– Телата се оставени да лежат на земјата на отворено во Њу Батан, Ние не сакаме да ризикуваме ширење на болести, изјави Солиман.

Во две покраина во најзагрозениот источен брег на островот Минданао има сто жртви на тајфунот, додека уште 12 загинаа во други делови на островот.

Тајфунот, проследен со пороен дожд и ветрови, кои достигнаа брзина до 210 километри на час, погоди вчера подрачје од околу 600 километри во јужните острови и постепено се преместуваше кон централниот дел на Филипините и кон Јужното Кинеско Море.

Метеоролозите наведоа дека Бофа, најсилниот тајфун, кој оваа година ги погоди Филипините, ослабнал откако минал на копно во провинцијата Давао Ориентал, така што брзината на ветровите ослабнала на 160 километри на час.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он