ВИДЕО: 200.000 луѓе протестираа во Каиро против Морси

Од:

Повеќе од 200 илјади луѓе протестираа во Каиро против одлуката на претседателот Мохамед Морси да ги зголеми своите овластувања.

Демонстрантите, кои сметаат дека декретот на Морси ја најавува новата ера на автократија, извикуваа „Оди си, оди си“ и „Народот сака да го урне режимот“, пренесуваат агенциите.

Протести беа одржани во Александрија, Шарм ел-Шеик, Танти, Мансури, а демонстрациите во Каиро против Морси беа најголеми досега од неговиот избор во јуни.

Морси на 22. ноември донесе декрет со кој си ги зголеми своите овласувања, со шти ги оневозможи судовите да ги доведуваат во прашање неговите одлуки, со образложение дека на таков начин полесно ќе може да ги спроведе реформите.

Изминатава недела вкупно три лица загинаа, а последниот случај беше 52-годишен демонстрант кој почина од вдишување на солзавец.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет