Њујорк пост јавува дека засега има 12 мртви и над 50 повредени, по двете експлозии во Бостон, каде што илјадници маратонци учествуваа во годишниот Бостонски маратон.
Сите полицајци во Бостон се повикани на должност.
Полициски извори за локалните медиуми откриваат дека третата поставена бомба била детонирана во „контролирана експлозија“, а се откриени и уништени уште две други експлозивни направи.
Претходно попладнето 23-годишниот Етиопиец Лелиса Десиса стигнал прв на целта, истрчувајќи го маратонот за 2 часа, 10 минути и 22 секунди. Меѓутоа, во времето на експлозијата стотици маратонци сè уште трчале кон финиш-линијата.
Организаторите го нарекуваат настанот „најстариот и еден од најпрестижните годишни маратони во светот“.
Годинава гости во ВИП-шаторот близу целната линија биле роднини на жртвите од масакрот во основното училиште Сенди Хук, а мотото на маратонот било „26 милји за 26 жртви“.