Читател на магазинот “Autofacil.es” го фотографирал новиот “Mercedes Е-класа” без камуфлажа. Фотографијата била направена пред хотелот Чамартин во Мадрид.
Ова би можело да биде “E63 AMG” судејќи според масивните тркала, големите вентилациски отвори на предниот браник и црвените кочни клешти. Фотографот додал дека забележал “V8 biturbo” лого на предниот браник.
Со оглед на фотографиите кои беа објавени порано, новата E-класа е всушност “фејслифт” верзија на актуелниот модел која носи некои промени, како фаровите со LED и vi-xenon светла, редизајнирана предна маска и нов капак на моторот.
Моделот “E63 AMG” ќе биде понуден со стандардниот 4МАТIС погон на сите четири тркала, а ќе го придвижува мотор кој испорачува 543КС без “Performance” пакетот. До 100км/ч автомобилот ќе забрзува за 3,4 секунди.