Видали: Нема преживеани во авионската несреќа

Од:

Нема преживеани во несреќата на авионот Ебас А 320 на компанијата Џерман Винг, кој денеска се урна во Јужна Франција, изјави денеска францускиот министер за сообраќај, Ален Видали.

– Повикот за пружење помош е снимен во 10.47 часот. Врз основа на тој сигнал е утврдено дека авионот се наоѓал на височина од пет илјади стапки во ненормална ситуација, рече Видали, дополнувајќи дека авионот набрзо потоа и паднал.

20150324-zaf-m17-058-jpg

Авионот летал од Барселона до Дизелдорф, а се урна во Француските Алпи меѓу општините Дин и Барселонет, сто километри северно од Ница.

Во авионот имаше 150 патници и членови на екипажот. Шпанскиот вицепремиер Сораја Сајенс де Санта Марија изјави дека 45 од патниците најверојатно биле Шпанци.

spain-france-plane-crash

Претходно и францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека во несреќата нема преживеани и оти меѓу жртвите има многу Германци.

Тој дополни дека најверојатно меѓу загинатите нема Французи, туку биле Шпанци, Германци и Турци.

467408962

Оланд за овој инцидент разговарал и со германскиот канцелар Ангела Меркел, а нејзиниот потпарол соопшти дека таа била многу вознемирена и ги откажала сите свои средби.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој на Твитер напиша дека е потресен од несреќата, која ја квалификува како трагедија.

212328-0af4651a-d21e-11e4-a5b4-b2d65ac8975a

Германскиот министер за транспорт Александер Добрин отпатува на местото на несреќата, во зоната која е покриена со снег и непристапна за автомобили.

Француските авиодиспечери го откажаа за утре планираниот штрајк поради оваа авионска несреќа.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер