Везув сигурно ќе еруптира, според јапонски експерт

Од:

Ерупцијата на вулканот Везув е сигурна и властите треба да имаат план за управување на евентуалната криза и за евакуација на населението во регионот на вулканот, предупреди јапонскиот вулканолог Накада Сецуја на меѓународната конференција, која се одржа во Италија, пишува весникот „Корере дела сера“.

Јапонскиот професор по геологија од Токискиот универзитет се смета за еден од најголемите експерти за вулкани и земјотреси, додава весникот.

Според Сецуја тешко е да се предвиди кога точно ќе еруптира Везув, но напомена дека е потребно да се набљудуваат евентуалните промени на теренот покрај него, кои се предвесници на движењето на магмата.

Експертот посочи дека тие предзнаци се појавуваат неколку часа пред самата ерупција и препорача да не се заборава дека Везув е активен вулкан. 

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он