Руската војска денеска почна воена вежба на Полуостровот Крим, во која учествуваат повеќе од 600 руски војници.
Руската Црноморска флота соопшти дека единиците за одбрана почнале воена вежба на Крим, во која се користат околу 50 видови оружје.
Во јужниот дел на Русија, исто така, почна воена вежба во која учествуваат околу 2.000 припадници на извидувачката единица на руската војска, а ќе трае еден месец.
Воената вежба на руската војска се одржува еден ден пред планираниот состанок на лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија во Минск, на кој ќе се обидат да изнајдат решение за завршување на конфликтот во источна Украина.