Верски лица: Христијани останете на Блискиот исток

Од:

Претставници на муслимани и христијани ги повикаа христијаните на Блискиот Исток да останат во регионот, наспроти прогоните и злоставувањата на исламистите.

-Насилното протерување на христијаните и другите верски и етнички групи е злосторство кое ние го осудуваме-рекоа верски официјални лица од 20-тина држави на меѓународната конференција за тероризам во Каиро.

Во заедничкото соопштение се наведува христијаните да останат во регионот додека не сопре терористичкиот бран кој сите го чувствуваме и се додава дека меѓународната заедница не треба да го олеснува егзилот на христијаните и да им помага да дојдат во нивните држави.

Ова соопштение е објавено пет дена откако поглаварот на Римокатоличката црква папа Франсис упати апел до сите муслимански лидери јавно да го осудат исламистичкиот тероризам.

Инаку поради офанзивите на екстремистите на ИСИС, неколку стотици илјади христијани беа принудени да ги напуштат своите домови.

Учесниците на конференцијата кои не предложија конкретни акции, повикаа на одржување на конференција за „меѓународен дијалог за изградба на мир и ширење на правдата“. На собирот учествува верски официјални лица од 20 држави, меѓу кои и од Саудиска Арабија, Иран, Индонезија и Малезија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија