ВИДЕО: Верижен судир на повеќе од 200 возила во Кина поради густа магла

Од:

Едно лице загина во верижен судар во кој учествувале повеќе од 200 возила во кинескиот град Женгжу што се случи поради густата магла, јавија службите за итни случаи и медиумите.

Службите за итни случаи известуваат дека повеќе од 200 возила се судриле едно со друго, пренесува Ројтерс.

На сликите и видеата објавени на социјалните мрежи, може да се видат автомобили и камиони натрупани еден врз друг на мостот Женгксин Хуангхе.

Многу од повредените останале заробени во своите возила, а противпожарната служба испратила 11 противпожарни возила и 66 спасувачи на местото на настанот, јавија државните медиуми.

Од утрово видливоста на повеќе места била помала од 500 метри, а повремено и до 200 метри, соопшти метеоролошката служба. Полицијата го затвори мостот за сообраќај.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он