Вербална војна меѓу Ердоган и Нетанјаху

Од:

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави денеска дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се разликува од Адолф Хитлер и ги спореди нападите на Израел врз Газа со односот на нацистите кон Евреите. Членката на НАТО, Турција, која поддржува решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт, ги критикуваше израелските воздушни и копнени напади врз Газа, нарекувајќи ја „терористичка држава“ и велејќи дека нејзините водачи мора да бидат судени пред меѓународните судови.

Продолжувајќи со критиките, Ердоган рече дека Турција стои со академиците и научниците кои се соочуваат со прогон поради нивните ставови за конфликтот во Газа, додавајќи дека западните земји кои го поддржуваат Израел се соучесници во, како што рече, воените злосторства.

“Тие зборуваа лошо за Хитлер. А која е разликата помеѓу овој режим и Хитлер? Поради нив, сепак ќе ни недостасува Хитлер. Дали ова што го прави овој Нетанјаху е подобро од она што го направи Хитлер? Не е”, рече Ердоган.

„Тој е побогат од Хитлер, добива поддршка од Западот. САД го поддржуваат на секој можен начин. И што направија со сета таа поддршка? Убија повеќе од 20.000 жители на Газа“, рече тој.

Нетанјаху одговори дека турскиот претседател, за кого рече дека е одговорен за геноцидот врз Курдите и затвора новинари, е последниот човек кој треба да им проповеда морал на другите. И покрај критиките, Турција одржува трговски врски со Израел, што предизвикува реакција кај турските опозициски партии и Иран.

Анкара вели дека трговијата со Израел нагло опадна од 7 октомври, кога палестинската милитантна група Хамас изврши смртоносен напад врз Израел во кој загинаа 1.200 луѓе, што го поттикна Израел да започне војна против Хамас. За разлика од нејзините западни сојузници и некои арапски земји, Турција не го смета Хамас за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Мора да се направи повеќе за да се запрат пропалестинските протести во САД

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа