Венс: САД нема да испраќаат војници во Украина

Од:

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес повтори дека САД нема да испраќаат војници во Украина, но нагласи дека Вашингтон има намера да игра активна улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Киев.

„Претседателот беше многу јасен. Нема да има војници на терен во Украина. Но, ние ќе продолжиме да играме активна улога во обидот да се осигураме дека Украинците имаат безбедносни гаранции и доверба што им е потребна за да ја сопрат војната од нивна страна и дека Русите чувствуваат дека можат да ја завршат војната од нивна страна“, рече Венс во интервју за NBC News.

Тој истакна дека руската страна покажала подготвеност да биде флексибилна со некои од своите барања и дека, за прв пат по три и пол години војна, направила сериозни отстапки, особено во однос на признавањето на територијалниот интегритет на Украина по војната.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина