Венс: Европа мора да го преземе товарот на безбедносните гаранции за Украина

Од:

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат „лавовскиот дел“ од товарот на безбедносните гаранции за Украина.

Тој рече дека не мисли дека САД треба да „го носат товарот“ по ова прашање, туку да помогнат „да се запре војната и убиствата“ и дека американскиот претседател Доналд Трамп „очекува Европа да игра водечка улога“ во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина, објави Ројтерс.

„Без оглед на тоа каква форма ќе има тоа, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот“, рече Венс во изјава за Фокс њуз.

Би можело да ве интересира

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

ВИДЕО: Објава на Џеј Ди Венс по дебаклот предизвика земјотрес во Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Венс: САД имаат доволно воена моќ за да се справат со заканите од Иран и Кина

„Фајненшл тајмс“: Венс го предупреди Зеленски – престанете со нападите врз Каспискиот нафтовод

САД: Обама го критикува потпретседателот Венс за изјавите за имигрантите

Венс: Епштајн имал врски со врвни американски и израелски разузнавачки агенции