Венецуела со авиони ги штити иранските танкери

Од:

Иранските танкери кои пловат кон Венецуела се под заштита на авиони ловци Су-30 и Ф-16.

Авионите летаат над иранскиот танкер „Форест“ и разорувачот Венецуела По-13 Јекуана.

Венецуела поседува 24 авиони ловци Су-30МК2.

Првиот од петте ирански танкери вчера пристигна во Венецуела.

Петте ирански танкери со 1,5 милиони барели нафта се испратени со цел Венецуела да ја надмине кризата со гориво, предизвикана од санкциите на САД кон јужноамериканската држава.

Но, аналитичарите наведуваат дека доставената иранска нафта ќе биде доволна за две до три недели.

Иранското гориво пристигнува во Венецуела и покрај санкциите на САД против двете држави, а аналитичарите оценуваат дека тоа означува нова ера во односите помеѓу Каракас и Техеран, а Иран го шири своето влијание врз Западната хемисфера.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во саботата се закани со одмазда во случај Вашингтон „да предизвика проблеми со танкерите“, додека администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп претходно соопшти дека разгледуваат „мерки“ што ќе ги преземат како одговор на иранската достава на нафта за Венецуела.

Венецуела има најголеми резерви на нафта во светот, но мора да увезува гориво бидејќи рафинериите во земјата годинава работат со 10 отсто од своите капацитети од 1,3 милиони барели дневно.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Нови цени на горивата

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски