Венецуела бара од амбасадата на САД да го намали бројот на персоналот

Од:

Венецуела побара од американската амбасада во Каракас во рок од две недели да го намали бројот на персоналот од 100 на 17 во момент на зголемени тензии меѓу двете земји.

– Имаат 15 дена да го намалат бројот на персоналот во Амбасадата на 17 лица, изјави министерката за надворешни работи на Венецуела, Делси Родригес по средбата со најистакнатиот американски дипломат во земјата, Ли Меклејн.

Таа нагласи дека Вашингтон треба да си одлучи кои дипломати ќе ги врати дома, додавајќи дека ваквиот потег има за цел да се направи баланс во однос на 17-те венецуелски дипломати во САД.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во изминатите недели повторно ги обвини САД дека сакаат да го соборат од власт.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев