„Велт“: Во Ирак пронајдена листа на потенцијални извршители на терористички напади во Европа

Од:

Листа со имиња на 173 членови на групата Исламска држава (ИД), подготвени да извршуваат терористички напади во Европа, е пронајдена во Ирак, пишува денеска германскиот весник „Велт“.

Според весникот, листата е пронајдена во акција на ирачките командоси во текот на офанзивата за ослободување на Мосул.

Освен имињата, листата содржи и фотографии на исламистите и податоци за местото на кое се наоѓаат.

Повеќето од потенцијалните терористи потекнуваат од Ирак. Останатите се граѓани на Тунис, Мароко, Јордан, Таџикистан и Саудиска Арабија, а шестмина се родени во Белгија, Германија, Холандија и Франција.

Американските разузнавачки служби го анализирале документот и испратиле предупредување до полициските служби во европските земји, додава „Велт“.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак