Велика Британија треба да плати отштета за присилното иселување на деца-мигранти

Од:

Британската влада мора да плати отштета за околу 2.000 луѓе кои, како деца, биле насилно испратени надвор од земјата, каде многумина биле подложени на тешки услови, занемарување и злоупотреба.

Повеќе од 100.000 сиромашни деца се испратени од 19. век па се до 1970 година во тогашните британски колонии, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Канада.

Целта на тие програми била намалување на притисокот врз британските социјални служби, нудејќи им на децата нов почеток и зајакнување на британската популација во странство.

Меѓутоа, многу деца завршиле во институции каде биле физички и сексуално малтретирани или биле принудени да работат на фарми.

Независна истрага за сексуална злоупотреба на деца утврди дека програмата во суштина била погрешна и дека не ги заштитила децата од злоупотреба.

Повеќето од поранешните деца-мигранти починале, но „околу 2.000 мигранти се живи и денес“, а комисијата смета дека од клучно значење е на сите преживеани да им се додели отштета.

Поранешниот британски премиер Гордон Браун во 2010 година се извини за „срамната” и злонамерна програма за деца мигранти.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија