Велика Британија следната недела почнува вакцинација против коронавирусот

Од:

Велика Британија следната недела ќе почне да ги вакцинира граѓаните против Ковид-19 со вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој за Скај Њуз истакна дека станува збор за „фантастична вест“.

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, објави британската Влада.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година