Велика Британија се подготвува за Денис

Од:

Летовите во Велика Британија се откажани, а армијата е распоредена за да им помогне на граѓаните кои се подготвуваат за новата бура Денис, која според надлежните, може да донесе обилни дождови и поплави во делови на Англија.

Огромни бранови високи до девет метри утрово ги поплавуваат бреговите на северен Атлантик, а ураганските ветрови достигнуваат брзина до 148 километри на час, соопшти американскиот Национален метеоролошки центар.

Денис, четвртото невреме оваа зимска сезона, веќе предизвика големи проблеми во сообраќајот низ целата земја, јавија локалните медиуми.

Авиокомпаниите од претпазливост откажаа стотици летови од Лондон и други британски градови, а железничките оператори предупредуваат дека се можни одложувања или откажувања во возниот ред.

Во некои делови на северна Англија, која сè уште закрепнува од минатонеделното невреме Кјара, невремето се очекува да донесе 120 сантиметри дожд.

Бурата Денис доаѓа само една недела откако Кјара предизвика проблеми во сообраќајот и остави илјадници домови без струја, а се стравува дека ќе направи уште поголема штета.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте