Велика Британија размислува да ги повлече своите судии од Врховниот суд на Хонг Конг

Од:

Британските власти ја разгледуваат опцијата да ги повлечат своите судии од Врховниот суд во Хонг Конг затоа што Кина продолжува да ги крши своите меѓународни обврски на оваа територија, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Обединетото Кралство, кое повеќе од 150 години владееше со Хонг Конг, се додека во 1997 година градот не се врати под кинеска јурисдикција, предупредува дека новиот Закон за безбедност, од 30 јуни минатата година, ја крши заедничката кинеско-британска декларација со која се отвори патот за враќање на Хонг Конг во Кина, јавуваат британските медиуми.

Официјален Лондон, исто така, се спротивставува на воведувањето нови правила, наметнати од Пекинг, со кои се дисквалификуваат избраните законодавци на Хонг Конг, а извршната власт им се одмаздува на политичката опозиција и неистомислениците.

„Овој период од историјата на Хонг Конг, по враќањето на територијата во Кина, е извор на најголема загриженост“, напиша Раб во предговорот на последниот, редовен шестмесечен извештај за Хонг Конг.

Раб најави дека ќе разговара со лордот Рид, претседател на Врховниот суд на Велика Британија, дали е соодветно британските судии да останат на позициите привремени судии на Врховниот апелациски суд во Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година