Велика Британија продолжува да извезува оружје за Русија, се тврди во извештај

Од:

Велика Британија продолжува да извезува оружје и друга воена опрема за Русија. Тоа се наведува во британски парламентарен извештај објавен денеска, два дена по критиките на премиерот Дејвид Камерон кон Франција, дека продава воени бродови на Москва.

Камерон ја повика ЕУ да ја забрани продажба на оружје на Русија, која западот ја обвинува дека ги опремува и обучува проруските сепаратисти во Украина. Во понеделникот британскиот премиер изјави дека неговата земја веќе го запрела извозот, како што вети во март.

Во објавениот денеска парламентарен извештај, меѓутоа, се истакнува дека 251 лиценци издадени од британската Влада, кои дозволуваат продажба ма контролирани стоки со вкупна вредност од околу 167 милиони евра, продолжуваат да се во сила.

Тие лиценци дозволуваат продажба на снајперски карабини, муниција за лесно огнено оружје, заштитни елеци, воени комуникациски средства и уреди за ноќно набљудување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина