Велика Британија парализирана од обилни врнежи од снег

Од:

Со обилни врнежи од снег денеска беа зафатени делови на Велика Британија, кои предизвикаа застои и блокади во копнениот и воздушниот сообраќај.

Издадено е жолто предупредување од страна на британската метеоролошка служба од можни нови снежни врнежи, пред се во централните делови на Англија и во северен Велс.

Застои има на повеќе патни правци во земјата поради снегот, а доцнат или откажани се повеќе возови и авионски летови.

Во реонот на Сенибриџ во Велс има снежна покривка од 28 сантиметри, додека во Хај Вејкомб во близина на Лондон, наврнале 12 сантиметри снег.

Сите летови се откажани од лондонскиот аеродром „Станстед“ и од аеродромот во Бирмингем поради замрзнување на пистите, а во реонот на Лестер целосно беше блокиран сообраќајот на автопатот М1, кој го поврзува Лондон со североисточниот дел на Англија.

Британската железници информира дека поради снегот се регистрирани поголеми доцнења на над десет возови, во најголем дел во реонот на Бирмингем.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски